
За време на нападот актерот потпишувал автограми за своите обожаватели, кога Седиук ненадејно се втурнал во него и го удрил по лицето. Веднаш по нападот полицијата го уапсила напаѓачот и го одвлекла од местото. За среќа Пит не е сериозно повреден.
За време на инцидентот Анџелина и децата се наоѓале во друг дел од просторијата каде таа давала изјави.
Ова не е прв пат Витали Седиук да предизвик скандал на некој настан. Тој веќе се обиде да го бакне Вил Смит за што доби шлаканица, му се спушти на Бредли Купер меѓу нозе, а се најде и под фустанот на актерката Америка Ферера.
Поради своите испади сега ќе треба да плати кауција од 20 илјади долари доколку наскоро сака да излезе од затвор.





