Брз психотест: Какви се вашите приоритети според Фројд?

popara7 декември, 20141min00
15

Дури и да сметате дека знаете се за себе, ви нудиме да направите еден брз психотест кој ги анализира вашите приоритети на потсвесно ниво. Тестот е создаден од Зигмунд Фројд и ги истакнува вашите приоритети според неговите сфаќања за аспектите на човечкиот живот.
Замислете дека сте дома. Следните пет работи се случуваат истовремено, а се бара вашата реакција. Подредете ги настаните по редослед, во зависност од тоа што прво би направиле.
Телефонот ѕвони.
Детето плаче.
Некој тропа на вратата.
Започнува да врне, а вие имате алишта на терасата.
Умивалникот претекува зошто чешмата е пуштена, а одводот запушен.

Бърз психотест: Какви са приоритетите ви според Фройд?
Еве какви изводи можат да се направат, што се однесува до вашите приоритети:
Телефонот е вашата работа. Ако сте ја дигнале најпрво слушалката, тогаш ништо не може да ве спречи да ја постигнете посакуваната кариера.
Детето се разбира е симбол на семејството. Во случај ако најпрво сте посветиле внимание на детето, тоа значи дека блиските ги поставувате на прво место во вашиот живот.
Ако сте ја отвориле вратата најпрво, за вас мошне се важни вашите пријатели. Секогаш сте тука за нив и никогаш не би им откажале помош.
Прво сте ги тргнале алиштата од тераса? Значи дека парите се вашата висока цел. Го броите секое денарче и сонувате за поголеми приходи.
Во случај ако сте ја избрале чешмата за нешто најважно, значи дека сексот игра многу важна улога во вашата свест. Вие сте страсни по природа, и сте спремни да експериментирате 24/7.