Брзо и здраво слабеење со Пилот диетата

popara4 мај, 20141min00

Сè што треба да направите е да го почитувате правилото, во рамките на еден ден да имате на располагање одреден број поени и ништо повеќе. Како ќе ги комбинирате оброците е работа на изборот, но, не смее да премине преку бројот дозволени поени во текот на еден ден (18 – 20 поени). Можете дури и да “штедите”, па да речеме еден ден изедете продукти во вредност од 15 поени, а во утрешниот ден разликата да ја надоместите на некоја забава. Кога сè ќе сумираме, вреди да пробате. Ако се впуштите во оваа “авантура”, погодно е да имате некој бележник при рака, на кој ќе запишувате после секој оброк колку поени сте искористиле.

Следи листата на поени и обрици кои ги носат:

Појадок – 3 или 4 поени

3 поени – 1 портокал, цел или исцеден, 1 пециво со јогурт, со малку краставица, чај или кафе.

3 поени – Освежувачка овошна салата (портокал, грејпфрут, киви), 3 парчиња салата со малку не многу масно сирење, чај или кафе.

3 поени – Гриз со варено млеко (200 мл.), суво овошје (20 гр.), чај или кафе.

3 поени – 1 банана, шоља шлаг, чај или кафе.

4 поени – 2 парчиња интегрален леб (40 гр.) лажичка путер и 2 лажички џем, две киви, чај или кафе.

4 поени – Чаша сок од портокал, палачинка со малку џем, чај или кафе.

4 поени – 2 парчиња леб (60 гр.), 2 парчиња стопено не многу масно сирење, 1 грејпфрут, кафе или чај.

4 поени – Двопек со мармелад, шоља малку масно млеко, две киви, чај или кафе.

6 главни јадења (ручек) по Ваш избор

6 поени – Парче варена бела риба, чинија зелена салата со оцет и масло, крем од ванила со карамела и една круша.

6 поени – салата од домат со лажичка маслиново масло, лук, парче варено пилешко (бело месо) со лажичка маргарин, 2 лажички пире од компир, 3 мандарини.

6 поени – 1 парче варена риба, чинија шампињони, 2 компири варени на пареа или 4 лажички варен ориз, 1 овошен јогурт.

8 бодови – чаша вино, 10 крекери, кељ варен на пареа, 2 мали компири, 1 топка сладолед.

8 поени – 1 парче лосос печен на жар со лажичка тартар сос, 2 лажички варен ориз, 1 лажичка кисело млеко, 1 праска или јаболко.

8 поени – 1 полнет домат (со не масно сирење), печен бут од зајак со темјан, сатараш со лажичка масло, 4 лажички палента, 1 кришка свеж ананас.

6 поени – 1 тањир супа од зеленчук без тестенини, 1 бифтек печен на жар (отстранете ја маснотијата), 4 лажички тестенини, чинија компот.

6 Поени – Лазањи со тиквички и сирење, 1 јајце, кришка леб, зелена салата со малку масло, оцет и зачини, чинија боровинки или капини.

8 Поени – краставица со 2 лажички кисело млеко, 1 кришка леб, 1 јунешка шницла од бут (60 гр.) 6 лажички грашок, 1 круша или јаболко

8 Поени – супа од зеленчук со лажичка кисело млеко, варен зеленчук (по избор) и 2 варени пилешки филети, 1 овошен јогурт.

8 Поени – 1 телешка шницла печена на лажичка маргарин, 250 гр. грашок со морков, чаша вино.

Додатна напомена

Во случај на глад, некои од следниве ужини можат да помогнат, но тоа ќе ве чини 2 поени:

  • 1 интегрална кифла
  • 1 кришка прелиена со 15 гр. топено чоколадо
  • 2 мали палачинки со малку путер
  • 1 парче пита од сирење
  • 1 помал чоколаден колач

Јадете риба 3 пати во неделата

Благодарение на белковините и здравите масни киселини, рибата е една од најдобрите продукти на Вашото мени. Не носи многу бодови, а изобилува со здрави состојки. Немојте да се одрекувате ни од “масната”, плава риба (туна, лосос), бидејќи содржи само корисна маснотија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag