Потребни состојки: 4 јајца 1 чаша јогурт 1 чаша масло за јадење 2 ½ чаши брашно 1 лажица сол 1 прашок за пециво 150 гр. рендан кашкавал 150 гр. рендана шунка 150 гр. рендани кисели краставички Припрема: Изматете ги јајцата, додадете чаша јогурт и масло, изматете, додадете го брашното, солта и прашокот за пециво и матете се додека смесата не се изедначи. Додадете го кашкавалот, шунката и киселите краставички и промешајте, па сипете го тестото во намрсена тава и печете на температура од 180 степени околу 20 минути. Потоа додадете малку изрендан кашкавал и вратете ја питата за да се растопи кашкавалот. Добар апетит!