Голема прашина се дигна околу вредниот подарок кој Вељко Ражнатовиќ го доби за својот 18-ти роденден. Пејачката Цеца Ражнатовиќ ја откри вистината за рачниот часовник кој припаѓал на нејзиниот покоен сопруг.
На прашањето дали Вељко го наследил часовникот од таткото Жељко Ражнатовиќ Аркан, фолк ѕвездата одговорила:
– Да, желба на Жељко беше Вељко да го носи овој часовник за 18. роденден, и јас му ја исполнив таа желба, но многу сум тажна што тој не беше со нас на прославата. Материјалната вредност не е важна, заклучила Цеца на оваа тема.