Чарли Шин сака да биде дел од последната сезона на „Два ипол мажи“!

popara23 мај, 20141min00
charlie-sheen-guinness

Шин беше отпуштен во 2011-та година поради големиот број негативни јавни критики кои ги упати кон креаторот на серијата, Чак Лори, а воедно после отказот доста често го провоцираше Ештон Кучер кој го наследи во серијата. Сепак и покрај сè, Шин се надева дека ќе го повикаат во финалето.

„Се надевам дека ќе добијам покана за финалната епизода“ – одговорил Шин кога новинарите го замолиле за коментар, околу завршувањето на серијата. Актерот претходно изјави дека би сакал да ги исправи работите со Лори и со тоа да ја завршат кавгата која доведе до негов отказ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *