Чоколаден куглоф

25 септември, 20140
12

Чоколадниот куглоф или црно-бел куглоф е вкусен колач кој добива на вкус доколку во смесата додадете цели лешници и парчиња чоколадо.

Состојки:

3 јајца
200 гр шеќер
1 пециво
1 ванилин шеќер
1/2 чаша зејтин
1/2 чаша млеко
2 чаши брашно
2 лажици какао
 

Јајцата и шеќерот убаво се матат додека не се добие смеса како шлаг,а потоа се додаваат сите други состојки(освен какаото) една по една со постојано матење.Се подмачкува садот за печење (калап за куглоф) и се става скоро целата смесата. Мал дел од смесата се остава и во неа се додава какаото.Белата смеса ставете ја во рерна на 200степени и за 2-3 минути извадете го садот и додадете ја смесата со какаото. Потоа оставете го колачот да се допече уште половина час. Дали тестото е готово можете да проверите со чепкалка, доколку не се залепи тестото е печено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi