Чоколадна торта со путер од кикиритки

popara7 мај, 20141min00
13

Состојки:
За кори:
250 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
2 лажички сода бикарбона
½ лажичка сол
65 гр какао
400 гр шеќер
2 јајаца
120 мл масло
235 мл млеко
2 ванили
235 мл врело инстант кафе
За чоколадна пена:
230 гр чоколадо за готвење
60 гр путер
3 јајца
180 мл слатка павлака
За фил од кикиритки:
300 гр путер од кикиритки
15 гр путер
50 гр шеќер во прав
1 ванила
150 мл слатка павлака
За декорација:
1 лажичка какао
1-2 лажици масло
Рендано чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 Ц
На дното на два округли калапи со пречник 22 цм ставете хартија за печење.
Во еден средно голем сад просејте го брашното со прашокот за пециво, содата, солта и какаото.
Во еден голем сад добро изматете ги со миксер маслото, двете врсти шеќер и јајцата. Додајте го млекото и повторно добро измешајте со миксерот.
Додајте ги сувите состојки, добро измешајте, па додајте го врелото кафе. Измешајте се заедно и ќе добиете една прилично ретка смеса.
Распоредете ја во двата калапи, па печете ги во загреана рерна околу 50 мин. Проверете со чепкалка, на неа треба да се задржат неколку влажни ронки од тестото, а површината да биде сјајна и еластична на допир. Внимавајте да не препечете.
Калапите ставете ги на решетка, покријте ги со фолија и кујнска крпа. После десетина минути, превртете ги на жица и повторно покриени оставете ги корите да се оладат до крај.

За пената од чоколадо одвоете ги белките од жолчките. Жолчките разматете ги во еден мал сад, а белките ставете ги во сад за матење.
На тивок оган во едно мало тенџерче растопете го мешајки чоколадото со путерот. Додајте ги разматените жолчки и добро измешајте. Оставете да се олади до собна температура.
Белките изматете ги во цврст сјаен снег со 2 -3 лажици шеќер, па внимателно вмешајте ги во чоколадото.
Слатката павлака изматете ја цврсто и исто така внимателно вмешајте ја во чоколадото. Ќе добиете една лесна воздушеста чоколадна пена.
Секоја од двете кори пресечете ја хоризонтално на половина. Филовајте ги корите со чоколадната пена. Одозгора и од страните не ставајте фил. Оставете во фрижидер.

За филот од кикирики путер во еден средно голем сад со жица измешајте ги путерот, кикирики путерот и двете врсти шеќер додека не стани сосем воедначено и по малку пенесто. Постепено додавајте од слатката павлака, мешајки цело време, додека не ја добиете саканата конзистенција на фил.

Цела торта одозгора и од страните премачкајте ја со овој фил. Корите се многу, многу ровки. Затоа најдобро е прво да премачкате еден многу тенок слој фил од сите страни, да оставите во фрижидер да се стегни тој слој, па потоа да го нанесете преостанатиот фил. Така нема ронки од тестото да ви се мешаат со филот.

За украсување измешајте 1 лажичка какао со 1 – 2 лажици масло, па попрскајте по површината на тортата да личи како флеки на јајце од препелица. Наросете лушпи од чоколадо.
Тортата чувајте ја во фрижидер, но послужувајте ја на собна температура.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag