Состојки:
150 г цели лешници, лупени
250 г брашно, плус за набрашнување на работната површина
50 г какао во прав
1 лажица еспресо во прав
прстофат сол
половина лажичка сода бикарбона
3/4 лажичка прашок за печиво
4 големи јајца
300 г шеќер
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Распоредете ги лешниците на тавче за печење и печете ги околу 10 минути, додека да заруменат.
Измешајте ги брашното, какаото, еспресото, солта, сода бикарбоната и прашокот за печиво и оставете ги настрана.
Изматете ги јајцата. Извадете две лажици од нив, пренесете ги во помал сад и оставете го настрана. Во преостанатите јајца додајте го шеќерот и убаво измешајте ги. Додајте ја смесата од брашно и мешајте додека да добиете меко тесто.
Поделете го тестото на половина и пренесете го едниот дел на набрашнетата работна површина. Со набрашнети раце, формирајте коцка од тестото. Наредете половина од лешниците на тестото и притиснете ги за да влезат во него. Намотајте го тестото како ролат, а потоа притиснете го одозгора, за да се сплеска.
Обложете ја тавата со хартија за печење и ставете го сплесканиот ролат врз неа. Повторете ја постапката со останатото тесто и лешници. Одозгора премачкајте ги ролатите со двете лажици матени јајца.
Печете ги во рерна 15-20 минути, додека да се стврднат. Пренесете ги на штица за сечење, оставете ги 5 минути да се подоладат и исечете ги на парчиња дебели 1-2 см.
Вратете ги парчињата во тавата, легнати на исечените страни, и вратете ги во рерната. Печете ги уште 20 минути, додека да станат крцкави и суви.
Оставете ги целосно да се оладат пред да ги послужите.