14 годишниот тинејџер Дерин сметал дека не му останува уште многу живот. Покрај леукемија се борел со уште еден вид на рак. Минатиот декември сметал дека му остануваат уште неколку седмици живот. Почнал да го планира својот погреб.
Мислел дека нема да го доживее Божиќ. На 10 годишна возраст му била дијагностицирана леукемија, а нешто подоцна уште еден редок и опасен рак на крвта.
Докторите се обидувале да му пресадат коскена срж, но сите операции биле неуспешни. Дерин и неговите родители помислиле дека ова е навистина крајот.
Со време Дерин ја прифатил сопствената смрт. Се борел храбро последните 4 години и само посакувал маките да завршат. И тогаш се случило нешто неверојатно…
Неговиот имун систем се опоравил и почнал да се бори против болестите. Она што му се случило е вистинско чудо според медицината и сите се надеваат дека ќе продолжи да живее и овој лош период ќе биде само минато.
httpv://www.youtube.com/watch?v=aHMt0Q2CEq4