
Кога покрај вас на семафорот ќе се најде токму нов BMW M3, дали инстантно би добиле желба да си ги “одмерите силите” со него, па дури и ако возите нова Corvette Stingray?
На сите ни е јасно дека штом се појави некој нов модел на спортски автомобил на улиците, тој речиси инстантно ќе биде на мета на бројни предизвици, пред се’ на таканаречени “драг” трки во забрзување, кои сепак ги има и во редовниот сообраќај и траат од семафор до семафор.
Во овој случај, сопственикот на Chevrolet Corvette Stingray беше и повеќе од “жеден” за што побрзо да тргне од “стартната” линија за позади себе да го остави новиот BMW M3.
Но, во таа желба, се чини дека тој за малку ќе останеше забиен во високата бетонска ограда од десната страна или пак во високиот тротоар од левата страна, со што можеше да остане и без автомобил, но и си го доведе во ризик и сопствениот живот!
Погледнете: