Имено, во Виена во 1909 година била објавена застрашувачка и шокантна книга насловена како “Balkangreuel”, што во превод би значело – “Ужасите на Балканот”.
Всушност, станува збор за дванаесет големи литографии со ексциплитни прикази на секс, односно бруталното силување на христијанските девици од страна на турските освојувачи, во текот на нивните походи на Балканот.
Пред да продолжите со разгледувањето на фотографиите, имајте во предвид дека станува збор за ексциплитна и вознемирувачка содржина!
Така, на социјалните мрежи во последните неколку дена со голема брзина се прошириле еротските фотографии покрај кои, на дел од нив било наведено дека претставуваат разгледници со мотиви од силувањето на српските жени за време на окупацијата на Турците на просторот на Косово и Метохија.
Сепак, станува збор за застрашувачки цртежи кои датираат од почетокот на претходниот век и кои во одредени случаи навистина се користеле како разгледници, меѓутоа тие сепак се дел од книгата која била објавена во 1909 година и истата претставувала еротска литература во која што уживале привилегираните припадници на австроунгарската монархија.
Авторот на книгата Готфрид Зибен (1856-1918) бил еден од најценетите виенски мајстори за еротски цртежи. Во 1909 година ја издал застрашувачката и шокантна книга за “Balkangreuel”, во рамките на која што го претставил бруталното силување на христијанските девици на Балканот.
Во воведот на книгата било детално опишано дека Балканот отсекогаш бил дом на див, етнички помешан и меѓусебно искаран свет, подготвен на најразлични бруталности.
Авторот на цртежите од оваа страшна книга се потпишал под псевдонимот Арчибалд Шмит, а се претпоставува и дека Херберт Стоун, името на авторот на текстуалниот дел од книгата, исто така е псевдоним.
Шокантната книга била отпечатена во ограничен тираж од само 550 примероци и не можела да се пронајде во редовните книжари, туку тогаш им се продавала само на виенските господа од “под тезгите”.
Потресните цртежи очигледно премногу им се допаднале на љубителите на порнографијата, а доказ за тоа е и фактот дека подоцна се појавиле уште две пиратски изданија на книгата, а во Европа со години се испраќале разгледници со мотивите од цртежите.
Она што е особено интересно е и фактот дека, седум години по објавувањето на оригиналното издание, во 1916 година истата книга се појавила во Англија, а авторката на истата е Офелија Прат, меѓутоа се претпоставува дека исто така станува збор за псевдоним.
Во оваа книга биле објавени оригиналните илустрации, а насловот бил ”Balkan Cruelties” или “Балканска суровост”, меѓутоа, текстот во книгата бил сосема поинаков, односно говорел за прогонот на Ерменците од страна на Турците и Курдите.