Сите си имаат свои тајни, едноставни работи кои ги прават постојано, но никогаш нема да ги признаат, бидејќи знаат дека тоа и не е баш најдоброто светло во кое би се претставиле.
Сепак, кога ги читаат не им останува ништо друго, освен да климаат со главата и да се согласат.
Сигурно доколку овие работи би ги читале момците не би им било многу веројатно или би се чуделе на некои од нив, зошто воопшто тоа би го правеле девојките.
Но, девојките се разбираат иако никогаш нема да ви признаат дека:
1. Имаат цел куп градници, но постојано го носат оној кој прави градите да им изгледаат најдобро.
2. Се будат со вчерашната шминка и само ја обновуваат уште еднаш
3. Не ги депилираат рацете редовно, па носат блузи со долги ракави.
4. Најчесто го кажуваат спротивното од тоа што го мислат.
5. Запознаваат момче и веќе размислуваат како би им стоело неговото презиме.
6. Некои навистина не знаат да примат комплимент.
7. Купуваат работи за да се чувствуваат подобро, а на крајот повторно се чувствуваат лошо затоа што тие работи им се непотребни.
8. Моментот кога ќе го изведат градникот. Слобода!
9. По дома можат да одглумат сè. Замислуваат дека добиваат Оскар, водат некоја емисија и слично.
10. Најлесно одлучуваат да облечат панталони кога не им се депилирани нозете.
11. Имаат цел ден да се подготват, но сeкогаш сè прават во последен момент и доцнат.
12. Ги гледаат сите видеа за запросување и мечтаат дека еден ден ќе им се случи истото.
Девојки, ќе признаете дека ви се случила некоја од овие ситуации? 🙂