Дали би користеле маска за лице од сперма?

popara11 април, 20141min00
6

Авторката на бестселерот секс прирачникот Стела Ралфини тврди дека ова е најдобрата тајна за убавина на светот!

Писателката и Тантра гуру, Стела Ралфини има 67 години, а освен што може да се пофали по тоа што нејзините прирачници се продаваат како луди, Стела е многу горда на својот младешки изглед! Гледајќи го неодамна објавеното видео на YouTube, тешко ни е да поверуваме дека никогаш нема поминато покрај ботокс, но таа сепак тврди дека тајната на нејзината убавина е во нешто сосема поинакво – во спермата !

– Драги дами, се што ви треба за совршен изглед е да се има партнер. Практикувајте го она што е нормално со својот партнер и уживајте и двајцата во тоа. Кога ќе стигнете до среќниот крај , собирете ја семената течност и со неа намачкајте го сопственото лице. Оставете го , како маска , некои петнаесет минути , а потоа исплакнете – ја открива својата тајна Стела Ралфини . – Може да се прашувате што зборува оваа луда жена, но сигурна сум дека вашиот маж е здрав човек, кој здраво се храни, а тоа може да биде само здраво за вас. Затоа уживајте во повеќето бенефиции од водењето на љубов.

Оваа добро чувана тајна Стела ја открила од жена од Индија, каде што престојувала изучувајќи ја Источната филозофија на водењето на љубов, Тантрата .

– Кога пред триесетина години бев во Индија, се сретнав со една од најубавите жени што некогаш сум ја видела во мојот живот. Таа ми кажа дека е длабоко навлезена во своите шеесети години , но изгледаше многу помлада. Нејзиното лице беше меко како свила, без ниту еден бора. Морав да дознаам што е нејзината тајна . Таа ми откри дека со векови жените во нејзиното семејство, ги пренесувале советите од ќерка на ќерка, своето лице да го мачкаат со спермата на својот сопруг. Бидејќи јас сум љубопитна по природа , решив да го испробам тоа. И тука се резултатите ! – открива  таа, и дека е многу среќна што може да го сподели не само овој трик , но исто така и многу други, со милиони жени ширум светот .

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma