Кога би ги погледнале статистичките податоци и количината на пари која се троши годишно (40 милијарди долари) на препарати за слабеење и симнување килограми, се доаѓа до заклучок дека жените сепак чуствуваат притисок и присила дека треба да се слаби и тенки.
Коефициент на половината и колковите
Кога ќе го поделите обемот на струкот со обемот на колковите, ќе го добиете коефициентот кој ја одредува атрактивноста на женското тело. На западот, најпосакуван коефициент е 0.7, и е доказ дека жените имаат одлични репродуктивни хормини и дека не е склона на болести. Во Азија овој коефициент е 0.6, додека во Африка и Латинска Америка изнесува 0.8.
Маснотиите значат плодност
Бидејќи женското тело треба да го носи плодот во себе подолго од сите останати живи суштества (со одредени исклучоци), сосема е природно да имаат природна склоност кон таложење на маснотии. Се чини само дека е важно, каде се таложат овие маснотии, на пример, доколку овие маснотии жената ги има кај колковите, тоа значи дека ќе има повеќе еднергија додека е бремена. Научно е докажано дека полинезаситените масни киселини од маснотиите околу колковите се важни за развојот на мозокот на фетусот.
Мажите сакаат гради и задник
Едно истражување од 2004 година покажало дека големите гради и тесниот струк се тесно поврзани со нивото на естрадиол и прогестерон. Жените кои имаат високо ниво на овие два хормона околу времето на овалуација поголема е веројатноста да зачнат дете. Според тоа, жените со малку масти во нивното тело се попривлечни за мажите. Многу е ретко слабите девојки да имаат големи гради, а за жал првото нешто што се топи кај жената која губи килограми се градите.
Здраво, а не слабо
Сите мажи сакаат жената да изгледа здраво, а тоа значи и дека сакаат да има убава заоблена задница. Сепак, во САД над 50% од жените имаат вишок килограми. Клучно е жените да се грижат за себе, да имаат избалансирана мускулна маса и масти, да се избегнуваат диетите и прегладнувањата, и да се воведен здрав режим на исхрана.