Даниел Кајмакоски, во интервју за магазинот „story.rs“ открива дека покрај многуте позитивни работи што му се случиле во изминатиот период, за жал, ја доживеал и темната страна на славата.
Покрај тоа во интервјуто ги коментира и медиумските натписи за него и за Цеца Ражнатовиќ, кога публиката може да го очекува неговиот сингл како и дека во иднина би сакал да соработува и со својот ментор Жељко, со „Тропико бенд“ и Џибони.