Миленикот на женската популација, Даниел Кајмакоски признава дека постари жени преку Фејсбук му нуделе секс. Младиот пејач културно избегнувал вакви разговори или едноставно не им одговарал на запалените возрасни госпоѓи.
“Имам 30 години и голем дел од моите фанови се помлади девојки кои ми покажуваат најискрено пријателство. Но има и повозрасни девојки и госпоѓи, кои без влакна на јазикот ми нудат секс преку Фејсбук, но јас не сум будала да прифатам таква работа“ – вели Даниел.