„МБК Продукција” поради новонастанатата ситуација одлучи на споменатиот концерт како специјални гости да присуствуваат финалистите нa „Х – Фактор”, но само од групата на Кики Лесендриќ: Тамара Милановиќ, Илма Карахмет и Александра Брковиќ, со оглед на веќе воведената пракса, секој ментор да ги промовира своите кандидати.
Споменaтите финалисти ќе го поддржат концертот на Кики Лесендриќ, а оваа можност ќе ја искористат да ги повикаат сите љубители на ова популарно шоу да дојдат на спектакуларното финале во „Комбак Арената” во Белград кое ќе се одржи на 23 март.
Покрај многубројните прашања на новинарите и обожавателите на ова музичко шоу, ја известуваме јавноста дека музичката турнеја на финалистите на „X – Фактор” ќе се одржи по завршувањето на првата сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, во април оваа година.