Денес е Меѓународниот ден на среќата! Бидете исполнети со љубов и насмеани!

popara20 март, 20141min00
5

Дружете се со луѓето, не се затварајте во себе – тоа е основната карактеристика на среќните луѓе!

Треба да знаете дека среќата се учи, среќата се вежба. Почнете уште денес бидејќи денес е Денот на меѓународната среќа. Триковите во продолжение ќе ви помогнат да “закачите“ насмевка на лицето која ќе трае…

Среќата е во малите работи, секојдневните ситници на кои често не обраќаме внимание. Ако сакате да се чувствувате подобро, и да бидете генерално среќен човек, навистина не ви треба многу…

1. Прифатете се себеси – Низа истражувања укажуваат на тоа дека среќните луѓе го сакаат она што можат да го добијат и не тежнеат кон невозможни работи. Така најлесно ги избегнуваат разочарувањата.

2. Живејте во сегашноста – Не жалете за она што било, не успеало или било само лош избор. Но, не претерувајте ниту со фантазирањето и не ја идеализирајте иднината. Живејте сега, најдобро што знаете и можете.

3. Насочете ги мислите во позитивен правец – Среќните личности се вечни оптимисти. Кога победуваат се посреќни, но кога губат се помудри, не поразени.

4. Уживајте во она што го правите – Ова е најдобриот рецепт за среќа кој можете да го примените. Никогаш не правете нешто заради пари, слава или моќ.

5. Престанете да се грижите – Не ги прифаќајте работите премногу сериозно. Среќните луѓе не се грижат, затоа што се свесни дека 90% од класичните, секојдневни грижи никогаш не се остваруваат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag