Групата соопштила дека безбедноста на музичарите и посетителите е најважна, а поради нестабилната ситуација во Киев не може да се гарантира дека во текот на концертот нема да има инциденти.
Како што пренесува Итар-тас, членовите изразиле солидарност до народот на Украина, која поминува низ тешка ситуација проследена со крвави немири што траеја повеќе недели.
Depeche Mode во понеделник одржаа концерт во Полска, а во текот на турнејата ќе настапат и во Минск, Рига, Санкт Петербург и Москва.