Истражувањето спроведено во Јужна Кореа дошло до заклучок дека десната рака на мажот открива многу за неговата плодност.
По ова истражување, сигурни сме дека ќе фрлите поглед на десната рака на вашиот маж, затоа што научниците откриле дека токму таа открива многу за плодноста кај мажите.
„Колку домалиот прст е подолг во однос на показалецот, толку тестисите се поголеми, па со самото тоа и плодноста на мажот,“ наведуваат истражувачите врз основа на собраните податоци од 172 мажи на возраст од 20 до 69 години.
Јужнокорејските научници истакнуваат дека староста и висината немаат никаква поврзаност со плодноста на мажот како што до сега се веруваше, но затоа во минимална мерка можно е да зависи и од неговата тежина.