На ексклузивниот брег Кона-Коала на Големиот Остров на Хаваи седи величествениот ресорт “Four Seasons Hualalai”.Со своите совршени плажи, приватен терен за голф и идиличниот спа-центар,гостите се обвиткани во луксуз и комфорт уште од самиот момент кога ќе ја спуштат ногата во овој ресорт.Тој нуди исклучителна елеганција и приватност.Има пространи апартмани сместени во бунгалови кои се расфрлани низ тропски градини.Зад секој бунгалов се наоѓа релаксирачка оаза надополнета со поглед на тиркизното море.Отворените градини и туш-кабините направени од карпи од лава за дополнителни минерални својства ја доловуваат магијата на овој остров со фантастични пејсажи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=jYni5TdEPEY#t=15