Диета за нулта крвна група

popara8 декември, 20141min00

Една третина од населението во светот се носители на нулта крвна група. Овие луѓе имаат доволно силен дигестивен и имун систем , но и покрај тоа нивниот имун систем понекогаш се врти против нив што води до алергиски реакции.

Диетата за нулта крвна група е богата со протеини. Дозволена храна за овие луѓе: месо(сите видови освен многу мрсно и свинско), риба со исклучок на мрсни видови, морски плодови, зеленчук и овошје со исклучок на киселите – (портокали, лимони, мандарини, калинка, боровинки), ананас. Потребно е да пијат многу течности, зелен чај, чај од нане и липа.

Треба да избегнуваат продукти произведени од пченица, пченка, кисели краставички, домати, кечап и кафе.

За добро да функционира нивниот метаболизам треба во својата исхрана да додадат алги, морска риба, јодирана морска сол, црвено месо и црн дроб, марула, спанаќ, витамини, јод, манган, калциум.

За луѓето со нулта крвна група, се препорачува да се занимаваат со интензивни физички активности – пливање, трчање, фитнес, аеробик и сл.

Важно е да се зголеми консумацијата на храна, што го стимулира лачењето на хормони во штитната жлезда , како и храна која содржи доволно витамин К(месо, црн дроб, јајца, зеленчук, алги).