Состојки:
6 компири
125 гр крем сирење
4 супени лажици павлака
1 јајце
2 супени лажици исецкан магдонос
4 супени лажици ситно исецкан кромид
3 супени лажици исецкани црни маслинки
2 кафени лажички песто Џеновезе
1 толчено чешне лук
Сол и бибер по вкус
20 гр путер
Рендан кашкавал за на крај
Компирите се сечат на две половини и се печат во претходно загреана рерна. Откако ќе се испечат со лажица се прави вдлабнатина. Извадениот дел се меша со крем сирењето, павлаката, јајцето, зачините, маслинките, пестото и лукот. Со оваа смеса се полнат компирите. Од горе се става по едно мало парченце путер и рендан кашкавал. Компирите се печат се додека не добијат златно-кафена боја.