Доказ дека плавушите подобро поминуваат во животот

popara22 август, 20141min00
6
Мерлин Монро изгледа дека била во право кога рекла дека блондинките подобро се забавуваат. Не само тоа, туку и ги поттикнуваат непознатите луѓе да бидат пољубезни со нив. Или барем таков е случајот со американската новинарка Џо Пиацо.

Да знаела колку ќе и` влијае врз животот промената на бојата на нејзината коса, Џо Пиацо, одамна би станала блондинка. Имено, после триесет години и нешто ситно (дамите не се прашуваат за годината на раѓање), Џо, во договор со фризерот, ги заменила смеѓите прамени со платинесто светли. И веднаш почнала да забележува промени во секојдневниот живот:

-Касиерите во продавниците и` нуделе услуги на бесплатно носење на кесите до автомобилот

-Таксистите почнале да и` се насмевнуваат и да започнуваат пријатни разговори

-Персоналот на аеродром и` понудил бесплатна пропусница за да се одмори во чекалната за прва класа

-Чуварот во зградата каде што работи веќе не и` приговара кога Џо ќе ја заборави пропусницата за влез


-Келнерите во рестораните и` ставаат повеќе компирчиња во порцијата или ја честат десерт

-Барменот ја почестил со бесплатен пијалок

-Полицајците и` „простуваат“ што возела пребрзо

-Обезбедувањето во ноќните клубови и` дозволува да влезе без да плати

За овој феномен се направени бројни студии, расправи и дебати, но никој нема со сигурност потврдено дека луѓето навистина подобро се однесуваат кон блондинките. Можеби, сепак, се работи за индивидуална природа. Но, доколку барате идеја за нова летна фризура, можете да пробате со светли прамени!