NASCAR возачот Џеф Гордон намести вработен во салон за автомобили, кој за малку ќе добиеше инфаркт од лудото возење. Како и секое друго видео кое се појавило на интернет и за ова имаше разни реакции.
Еден од најгласните критичари на видеото беше новинарот Тревис Окулски, кој тврдеше дека видеото е лажно. Тој сепак доби прилика да почувствува на своја кожа како е да ве вози Џеф Гордон.
Тревис беше наместен од екипата на Pepsi која го трансформираше Џеф Гордон во поранешен затвореник кој работи како таксист. Кога новинарот влезе во таксито што го возеше Гордон маскиран, не ни знаеше што го чека.
Гордон глумеше дека бега од полицијата, а реакцијата на Тревис доволно зборува за стравот што го почувствувал.
httpv://www.youtube.com/watch?v=dRIgmKGDqFM