Овој универзален мелем за рани би требало да го поседува секое домаќинство. Мелемот ефикасно лекува различни површински рани.
На водена пара се топи и се остава да зоврие 100 грама путер или свинска маст. Смелете 4 средни главици кромид, додадете ги во путерот и варете на слаб оган околу 6-7 минути, а при тоа треба постојано да се меша со дрвена лаживца. После тоа додадете 1/3 рендан бебешки сапун, 50 гр борова смола, 30 гр пчелин восок, и варете на слаб оган уште 20 минути при што продолжувате без престан да мешате. Смесата се процедува со помош на дупла газа додека е врела. Мелемот се чува во стаклен сад, на темно и студено место.
Нанесете од мелемот на болното место, покријте со газа и залепете со фластер. Процедурата се прави навечер пред легнување и треба да отстои во текот на ноќта, а наутро се менува со нова облога поставена на истиот начин. Процедурата се повторува се додека раната не зарасне.