Домашна маска за регенерација на кожа оштетена од сонце

popara18 август, 20141min00
2

Ова е едноставна маска од само 4 состојки. Ќе ја смири кожата и ќе и го врати сјајот.Познато е дека мирисот на лаванда ја смирува и влијае позитивно врз кожата.

Лето е и сите ние сакаме малку да се одмориме и опуштиме, а на кожата која што сме ја „измачиле на сонцето“ потребна и е дополнителна нега, па предлагаме да научите да ја правите оваа едноставна и евтина, но одлична маска за лице.

Што ви е потребно?

– 3 лажици кисело млеко

– 4 капки есенцијално масло од лаванда.

– лажица сушена лаванда

– лажица мед

Постапка:

Промешајте ги состојките и пуштете ги да отстојат во ладилникот 20 минути. Смесата нанесете ја на лицето ( избегнувајте го делот околу очите), па дозволете да отстои 20 минути. Нормално, за тоа време одморајте. Измијте го ликот со млака вода, па нанесете на кожата хидратантна крема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag