Потребни состојки:
- 250гр кафеав шеќер
- 330гр бел шеќер
- 220гр путер
- 200мл сируп од пченка, мед или шербет во размер шеќер: вода = 2:1
- 250гр слатка павлака
- 130мл полномасно млеко
- 2 лажички екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Кафеавиот шеќер ставете го во тава и додадете путер, сируп од пченка, слатка павлака, млако и ванила.
- Варете на рингла, со повремено мешање. Дали е доволно варено ќе пробате така што ќе ставите мала количина на сируп во ладна вода. Ако се формира топче, значи дека е готово.
- Ставете ја смесата во плех, оставете да се олади и со остар нож исечете на големина која ви одговара.