Дознајте директно од нив зашто почнале да снимаат порно филмови!

popara28 мај, 20143min00

1. Стоја, порно актерка и автор

За 28-годишната Стоја кариерата во порно индустријата започнала сосема случајно, како еден вид експеримент, таа првин позирала за топлес фотографии, а потоа од хоби целата ситуација прераснала во кариера во порнографската индустрија. Инаку, мајката на Стоја е Србинка, а уметничкото име Стоја е името на нејзината баба.

Според нејзиното мислење за тоа како светот се однесува кон порно актерките, Стоја признава дека во животот и се имаат случено низа непријатни работи како на пример, навреди со погрдни имиња кај свадбата на нејзината сестра и слични настани.

„Иронично, но мислам дека порно индустријата има поголема почит кон нас отколку „вистинскиот“ свет“, вели таа.

2. Дилан Рајан

Дилан ја започнала својата кариера во порно индустријата по предлог на своја пријателка која започнала своја компанија за  порно продукција. Нејзиното прво искуство било позитивно и така решила да се занимава со правење на порно филмови.

„Жените немаат многу можности за да ја изразат својата сексуалност и тоа за мене беше можност да се изразам себеси и моето уживање. Фактот дека и други жени ќе го видат тоа ми даваше прилика да порачам дека и тие би требало да ја изразат својата сексуалност без чувство на срам“, вели Дилан.

Проблемите кои таа ги посочува се што во порно индустријата претежно доминираат мажи  и посакува да има што повеќе жени во продукција.

Според неа, луѓето кои се занимаваат со оваа работа најчесто се соочуваат со проблеми од различни видови, луѓето ги доживуваат како жртви, немаат поддршка во општеството и слични проблеми.

Дилан има дипломирано на социјална работа и редовно ги советува своите колеги за нивните права.

3. Сатин Феникс

Оваа 34-годишна поранешна порно актерка влегла во порно индустријата за да се соземе од злоставувањата на нејзиниот татко.

„Татко ми цели 10 години сексуално ме малтретираше. Учеството во порно филмовите ми помогна да ја вратам контролата над мојата сексуалност. Навистина уживав да имам секс пред многу луѓе. Јас ја имав контролата во ситуацијата, самата го бирав мажот со кого сакам да бидам и кажував што да ми прават“, вели таа.

За порно филмовите таа вели дека општо земено не се лоши, освен кога станува збор за младите луѓе и начинот на кој тие ги доживуваат филмовите.

„Младите кои користат порно филмови како помошно средство на студен, стерилен начин учат за сексот, без чувство на интимност“, смета таа.

Кога станува збор за проблемите во порно индустријата, најмногу и сметало тоа што немала контрола над сопствениот имиџ. Таа акцентира дека во текот на снимањето ја имала целосната контрола, но по монтажата целата ситуација добивала поинаков правец.

„Без разлика колку добри да беа моите намери, секогаш ме прикажуваа како личност без мозок. Тоа што го гледате во порно филмовите не сум јас, тоа е претстава за мене која е создадена и пуштена во јавноста“, смета таа.

Сатин сега е илустратор и според неа, порно актерите се соочуваат со големи проблеми кога сакаат да ја напуштат порно индустријата.

„Сум видела како моите пријателки се обидуваат да излезат од порно индустријата и тоа е најтажното, најстрашното нешто што сум го видел. Тие се соочуваат со предрасуди, навреди, понижувања. Ако луѓето видат курва, секогаш ќе ја гледаат како курва. Ќе кажат ова е талентирана курва, но се уште е курва или оваа курва е добра за работа, ама и понатаму е курва. Морам на луѓето да им објаснувам дека сум уметник. Ако им кажам дека пред четири-пет години сум снимала порно филмови веднаш станувам порно ѕвезда. Јас сум поранешна порно ѕвезда која станала уметник, така ме доживуваат“, вели таа.