Норвешка е повторно на врвот на листата на најдобри земји за живеење во светот, а од земјите од Југославија, Македонија се наоѓа на 69. место, пред Србија и Босна и Херцеговина.
Норвешка веќе шеста година по ред е најуспешна земја во светот според Индексот за благосостојба на британскиот институт “Legatum”, кој го оценува напредокот и развојот на 142 земји.
“Legatum” денес го објавил Индексот за благосостојба за 2014. година, кој ги проценува државите на полето на економијата, претприемништво, управување, образование, здравство, безбедност, лична слобода и социјален капитал.
Зад Норвешка следат Швајцарија, Нов Зеланд, Данска, Канада, а меѓу првите десет се нашле и Шведска, Австралија, Финска, Холандија и САД.
Од земјите од поранешна Југославија, Босна и Херцеговина е најлошо рангирана и се наоѓа на 91. место, Србија е на 77., Македонија е на 69. место, додека пред нас се Црна Гора, Хрватска и Словенија.