Еден фармер додека работел во шталата забележал дека го нема часовникот на неговата рака. Иако не бил скапоцен, за него имал големо сентиментално значење.
Долго го барал низ сеното, но не успеал да го најде. Не можејќи сам, ги повикал и децата кои си играле пред шталата, ветувајќи им награда, ако го најдат.
Заедно продолжиле со барање, но, никако не успеале да го пронајдат.
Фармерот не можејќи да го најде се разочарал и престанал да го бара. Тогаш едно од момчињата му се приближило и го замолило да му дозволи уште еднаш да погледне. Зошто да се спротивстави кога и така не губи ништо, фармерот му дал уште една шанса.
Додека сите биле пред шталата, момчето се вратило назад и продолжило да го бара. За кратко време излегло со часовникот в рака.
Фармерот среќен го прашал: „Како успеа да го најдеш?“
„Не направив ништо посебно, само седнав на подот и чекав да слушнам од каде доаѓа звукот на отчукувањето на часовникот. Погледнав во таа насока и го најдов.“ – одговорило момчето.
Запомни: Мирниот ум подобро работи од изморениот. Дај му на твојот ум неколку минути тишина во текот на денот и ќе забележиш колку ќе ти помогне. Душата секогаш знае што да направи за да се излечи. Но, треба да се замолчи умот!