Џаро: Икс Фактор е наместен, Даниел ќе биде изигран!

popara7 март, 20141min00
1а

Познатиот македонски менаџер Велибор Џаровски, познат како “крал на намешталките“ кој во животот наместил над 100 фудбалски утакмици ширум  Југуславија, тврди дека Икс Фактор е наместен!

Џаро тврди дека и финалето ќе биде наместено и дека го известил Кајмакоски дека ќе биде изигран!

Апсолутно тврдам дека целиот шоу програм е наместен, а тоа ми стана јасно во вторникот кога испадна Илма – вели Џаро и додава:

Последниот пат кажав дека не смеат да испаднат Доктори и Лукијан, бидејќи Кристина и Емина би останале без кандидати, а тоа не смее да се случи. Рекоа за Илма дека е премногу млада, па дека затоа ја исфрлаат. Тоа значи дека кога во 1987 како јуниори го освоивме Светското првенство, Просинечки и Мијатовиќ не требаше да бидат тука? – вели Џаро.

Иако финалистите ги избира публиката, а жирито го дава завршниот збор, Велибор тврди дека гласовите погрешно се бројат.

Жал ми е само за Даниел, кој покрај Илма е единствениот фаворит. Го предупредив дека финалето ќе биде наместено и дека треба да се предупредат гласачите да не праќаат за џабе пораки – вели Џаро.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag