Иако важи за џентлмен, Џастин Тимберлејк морал да изреагира на гестот на една девојка од публиката која за време на концертот му покажала среден прст. Шокираниот пејач престанал да пее и јавно и одговорил на девојката.
Дали тоа пробуваш да ме изнервираш? Си купила карта за втор ред за да ми покажеш среден прст? Тоа нема никаква смисла! – дирекно и се обратил Џастин на дотичната дама.
Сакаше јас да те видам. Не мора тоа да го правиш, те гледам, во вториот ред си – продолжил тој, а потоа приказната во свој манир ја свртел на шега.
Ок, успеа, ајде сега сите заедно да покажеме среден прст и да завршиме со ова – изјавил Џастин воден од принципот “ако не можеш да го победиш, придружи се“…
httpv://www.youtube.com/watch?v=VmNXkJtlSzY