Бидејќи со години го привлекуваше медиумското внимание поради бројните инциденти, овој пат Џорџ Мајкл повторно е во центарот на вниманието, но сега поради новиот албум.
Пејачот изјавил дека неговиот шести соло албум Симфоника ќе биде пуштен во продажба 17 март. На албумот освен оргиналните песни ќе има и неколку обработки на познати хитови меѓу кои синглот на Нина Симон-My Baby Just Cares for Me.
Во 2010 година Џорџ Мајкл одлежа 8 седмици во затвор поради поседување марихуана и вожња под дејство на опијати кога со својот автомобил лупна во еден деловен простор.