Девојчето Филис напишало пристојно писмо до Алберт Ајнштајн во 1936 година сакајќи од него да добие одговор на прашањето дали и научниците се молат, односно дали човек може истовремено да верува и во науката и во религијата. Еве што славниот научник и одговорил на малата Филис и тоа само после 5 дена:
“Ќе се обидам што поедноставно да ти одговорам. Еве го мојот одговор:
Научниците веруваат дека секоја појава вклучувајќи ги и оние поврзани со човечкото суштество се случуваат според законите на природата. Поради таа причина научникот не може да биде наклонет на верувањето дека на текот на настаните може да влијае молитвата односно желбата.
Сепак мораме да признаеме дека нашето знаење за тие сили е несовршено, па на крајот увереноста во постоењето на врховен дух почива на некаков вид вера. Таквото верување сеуште е актуелно, дури и покрај последните големи научни достигнувања.
Но исто така, секој кој сериозно се занимава со наука верува дека некаков силен дух се манифестира во законите на космосот и дека тој дух е далеку посупериорен од човекот. На тој начин, посветеноста на науката води до религиозни побуди, кои секако се прилично поинакви од религиозноста на наивниот човек“.
Без разлика што писмото не открива многу за гледната точка на Ајнштајн во поглед на религијата, неговото објаснување мошне јасно го образложува воодушевувњето и посветеноста на науката, нарекувајќи го чувството од проучувањето она кое кај научникот буди вера во надприродното.