Еклер торта

3 септември, 20141
11

Состојки:

  • 20 лажици брашно
  • 25 лажици шеќер
  • 800 мл. млеко
  • 250 гр. маргарин
  • 200 гр. шеќер во прав
  • 150 гр. брашно
  • 100 гр. маргарин
  • 250 мл. вода
  • 4 јајца
  • 2 ванилин шеќер

Подготовка:

Водата и маргаринот зовриваат, се трга тенџерето од оган и се додава брашното. Смесата се меша додека се изедначи и се остава да се излади. Јајцата се додаваат едно по едно и убаво се мешаат со смесата(со миксер, со лажица или со рака). Се пече во тавче број 26 намрсено со маргарин. За подготовка на филот, брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер се мешаат со дел од млекото и се варат во преостанатото млеко како за пудинг. И оваа смеса убаво се лади и потоа се замешува со маргаринот убаво изматен со шеќерот во прав. Испеченото тесто се дели на половина и се филува со кремот. Потоа се филува и целата торта и се украсува.
Мала забелешка: Испеченото тесто може да не е насекаде подеднакво пораснато. Не се паничете, искрој те го. Кога ќе го наредите врз филот и кога врз него ќе го ставите преостанатиот фил, на тортата ништо нема да се познава. Поедноставно е и за промена интересно, отколку да правите поединечно еклери.

 

One comment

  • cveta

    14 јануари, 2016 at 09:12

    receptata vi e ok, ama objasnuvanjeto bi trebalo da bide podobro. koi kolicini se koristat za testoto a koi za filot? mladite domakinki ne bi znaele da se snajdat. pozdrav

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş