Српскиот портал Мондо направи уште едно истражување за проституцијата во Србија. Овој пат на мета била т.н елитна проституција, односно за проституцијата во клубовите и хотелите, салоните во масажа…
Од полицијата велат дека проституцијата по клубовите ја имало и порано, но сега со популарната елитна проституција се бават жените кои се преставуваат како старлети, манекенки, танчерки, студентки.
Новите медиуми и технички можности влијаат на појавата на новиот облик на проституција, изјавила за Мондо, Драгана Старчевиќ, инспекторка во белградската полиција од Одделот за јавен ред и мир.
Таа додала дека сите форми на проституција се поврзани, но и дека интернетот и ноќните клубови се местата каде се договараат цените и состаноците со клиентите. Сексуалните услуги пак се даваат по апартманите и хотелите.
Инаку, за полицијата е многу тешко да докаже кои девојките се занимаваат со елитна проституција и тоа поради фактот дека се се случува во затворен круг. Интересно е што услугите на елитните девојки ги користат обичните луѓе, а не богатите бизнисмени.
Имавме случај на двајца студенти кои ги користеле услугите на елитните проститутки, со тоа што парите ги земале од своите родители. Изнајмиле скапи автомобили и луксузна соба во хотел. Се возеле цела вечер низ градот за да ги видат сите, за да на крај завршат во хотелската соба и да ги добијат услугите за кои платиле, додала Драгана.
Меѓу клиентите има и фамилијарни луѓе. Елитната проституција е специфична по тоа што девојките работат исклучиво со посредници, како и дека до нив не може да се стигне без препорака. Тие најчесто не се рекламираат, иако постои можноста да имаат некој свој профил низ социјалните мрежи. Секоја од нив изгледа одлично и се грижи за својот изглед. Не велам дека овие другиве – по салоните за масажа или по хотелите изгледаат лошо, но елитните проститутки се далеку поатрактивни, вели инспекторката за српски Мондо.
Голем дел од нив се студентки кои учат на приватните факултети. Ниту една од нив нема да признае дека се занимава со проституција. За разлика од уличната проституција каде потребата е егзистенција, кај елитната проституција не станува збор за финансии. За елитните проститутки, сексот е единствен начин да стапат во контакт со одредени луѓе кои ќе им овозможат иднина и работа. Според Драгана, елитната проституција е најлесен начин да стапите во контакт со моќните и богати “кандидати”.
Некои девојки се занимаваат со проституција само заради тоа што нивните родители не можеле да и купат брендирана облека или автомобил. Постојат и такви кои се многу богати, а кои на овој начин се забавуваат и запознаваат луѓе, открила Драгана.