Ете тоа е вистинска љубов

popara26 февруари, 20141min00
14

Сега ќе ти кажам за што јас велам вистинска љубов…

Не. Ги немам во предвид бакнежите, прегратките и “Те сакам” по 100 пати на ден. Ништо слично.

Едноставно е. Многу. Вистинска љубов е кога мислиш на саканиот повеќе отколку за себе. Сеуште не разбираш. Тоа е, кога неговата среќа е еден чекор пред твојата. Да, ти сама си решила така. Не можеш да повредиш едно совршено, стаклено за тебе срце. Не можеш да ги срушиш туѓите надежи туку така. Не можеш. Не е правилно.

Вистинска љубов е кога тој мисли за тебе, повеќе отколку за себе. Кога и двајцата го поставувате другиот пред себе. Кога знаете дека ако му се случи нешто, можеби вината е ваша, зошто не сте го чувале. Кога знаеш дека причината за бессоницата си му ти. Кога знае дека новиот фустан е всушност за него. Кога знаеш дека причината за неговите солзи (бидејќи и мажите плачат) си ТИ. Кога знае дека го носиш најубавиот фустан поради него. Кога знаеш дека искрите во очите му дошле затоа што го слушнал твоето име. Кога знае дека ако молчиш повеќе од 5 минути, значи дека има нешто. Кога знае дека можеш да му одземеш се за секунда. Кога знаеш дека се што градел со години, може да го остави само поради тебе.. .Кога и двајцата знаете дека ТИ си најценетото и вистинско нешто што се појавило во неговиот живот.  Кога не можеш да си заминеш.. едноставно затоа што причината да стане уште подобар си ти. Кога очите почнат да ти блескаат кога некој ти зборува за него.

Не мислам дека вистинска љубов е да му кажеш дека го сакаш. Вистинска е кога ти вели “Уште не знам зошто ме сакаш”. Не е кога ти вели дека за него си целиот свет. Вистинска е кога пред пријателките велиш “Подготвен е на се за мене. Ме обожава. Го познавам”

Вистинска љубов е кога без да кажувате, знаете дека сте подготвени апсолутно на се еден за друг.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag