Пред да го кажете ветувачкото “ДА” мора да го запознаете подобро партнерот. Што сака, што го интересира и што е најважно – дали е подготвен за брак!
Експертите направија студија кои се најсоодветни хороскопски знаци за брак. Внимателно прочитајте и потоа одлучете.
Девица
Претставниците на овој знак се познати по склоноста кон долги врски. Секои 8 од 10 брака на секоја девица се успешни и продолжуваат и над 20 години. Девицата го сака домот,семејниот амбиент и приватноста. Тие секогаш би биле среќни од мала, но средена куќа, со деца и убава градина. Најважно сепак е таа да е добро средена. Познати се по својата педантност. Девиците не се помируваат да живеат во хаос па дури добиваат и нервен слом за најмала дамка.
Мажите Девици се дефинитивно најдобри татковци, а жените најдобри мајки. Одличен избор ако сакате долг и спокоен семеен живот.
Водолија
Тие се љубители на романтиката, духовното спојување и вечното пребарување на вистините во животот. Често ги сметаат за мрзливи, но тоа не е така. Водолиите само сакаат подолго да ги анализираат важните нешта. Токму поради тоа тие би биле идеалнен партнер за вас. Доколку сте импулсивни, тие ќе ви ги дадат најдобрите совети, како и кога да направите нешто.
Личноста на Водолиите поседува способности кои им помагаат да ги анализираат целосно работите и да извлечат од нив корисно знаење. Имаат голема моќ на концентрација. Флексибилноста на нивниот ум им ги олеснува пријателските врски. Тие се решителни, тврдоглави и често се расправаат.
Ја сакаат слободата повеќе од се друго на светот. Не си дозволувајте да ги користите слабостите на овој партнер со цел да постигнете превласт во врската. Обидувајте се подеднакво да давате и да примате. Не ги кријте чувствата кога сте повредени од другиот.
Лав
Дарежлив и талентиран, но малку рамнодушен, мажот Лав е премногу зафатен со сопственото его. Но кога еднаш ќе ја открие жената на својот живот, тој е исклучително среќен, нежен и секогаш ја брани дамата до себе, која нужно мора да биде убава, елегантна и шармантна. Често, сепак, таа служи како додадена вредност за него, исто како и неговиот автомобил или социјален статус. Мажот Лав го мрази фактот дека неговата партнерка успеала колку него и овие односи речиси секогаш завршуваат со разделба. Во љубовта се држи слободно, дарувајќи и на жената до себе нежни милувања, но ако ја повреди, навистина жали, но неможе тоа да го промени.
Затоа ако сакате некој да ве заштити, тој е вашиот избор. Сепак, размислете добро, сакате ли да бидете најслаб дел во бракот.
Шкорпија
Овие луѓе не се колебаат да ја користат силната интуииција, за да ги одгатнат однапред мислите и плановите на другите. Овој знак поседува најголема внатрешна моќ, една од најважните клучни зборови за Шкорпијата. Додека од лицето на овие луѓе не трепнува ниту еден мускул, во душата водат жестоки битки.
Еден исклучително интересен брак, кој ќе ви донесе многу позитивни и силни емоции. Прекрасен татко кој ги брани своите деца како орел. Верен до гроб пријател, кој никогаш нема да ве остави.