Прва и основна работа е да го заземете вистинскиот став. Без оглед на тоа дали сте супер фраер или не, флертувајте! Насмевнете и се, гледајте ја право во очи, заведувајте… Така ќе поттикнете лачење на вистинските хемикалии како во нејзиниот, така и во вашиот мозок, кои само ќе го зголемат уживањето.
Кога ќе почувствувате дека е вистински момент, пријдете и` опуштено и наведнете ја главата во десната страна. Зошто? Истражувањата покажуваат дека речиси 90% од луѓето при бакнувањето природно ја наведнуваат главата на десно. За тоа е заслужен начинот на кој нашите мајки не` доеле, но сега немојте да мислите на тоа.
Третиот чекот е: само напред! Секако, не веднаш со јазикот да ја излигавите по целото лице, но не и премногу срамежливо. Запаметете, благодарејќи на многуте нервни завршетоци, усните претставуваат една од најчувствителните точки на нашето тело. Затоа, играјте си со нејзините усни, се додека не остане без здив.