Еве што момците навистина би сакале да знаете околу сексот и излегувањето со нив…

popara22 декември, 20141min00
Ние ја разбираме важноста на квалитетниот секс совет: Клучот е врвното задоволство кое го добивате, НО се’ додека и вашиот партнер го добива истото. Еве што момците навистина би сакале да знаете околу сексот и излегувањето со нив…

1. Правило број 1 за излегување со него – Многу момци ќе бидат одбиени од вас, доколку знаат дека планирате да се гледате и со други покрај него. Имајте го ова на ум додека разговарате со него на првите неколку состаноци.

2. Прошетајте – Доколку се вознемирите, извинете се и напуштете го разговорот, прошетајте, а потоа кога ќе се смирите вратете се и довршете го разговорот со мирна глава. Мажите ќе бидат поприемчиви околу тоа што имате да кажете кога не сте вознемирени.

3. Секс на првиот состанок? – Нема секс на првиот состанок, ако сакате да ве сфати сериозно. Точка.

4. Прво пријателство – Обидете се да создадете пријателство со него пред да се нурнете премногу длабоко во “љубовната врска”. Размислете што обично прават пријателите додека се дружат и вметнете вакви елементи во вашите излегувања.

5. Допирајте го – Не само во кревет… Додека јадете, на кино или додека шетате по улица. Ќе му помогне да се почувствува добро и да мисли дека вашата врска се одвива во вистинска насока.

6. Хоби и Интереси – Направете го вашиот живот на страна од вашата врска нешто со кое се гордеете. Не плашете се да ги споделите вашите интереси, вашето хоби и не ги заборавајте пријателките. Доколку тој е вистинскиот за вас, ова ќе му биде исклучително атрактивно.

7. Бидете љубезни – Внимавајте како се однесувате кон келнерите и кон останатите луѓе на првите неколку состаноци – за многу мажи, немањето на основен бонтон е број еден причина да му станете одбивни.

8. Употребувајте “ЈАС” изјави – Со цел да ја одвратите вината, употребете “ЈАС” изјави, пример: “Јас се чувствувам запоставено кога ти треба повеќе време за да ми одговориш на пораките”…

9. Дозволете си секси долна облека – Кој може да одолее на чипкана долна облека? Не само што ќе се чувствувате поатрактивно и вие самите, туку ќе го полудите и него.

10. Не го обвинувајте – Не го обвинувајте вашиот сакан. Тоа само ќе го предизвика да заземе одбранбен став и ќе го повиши и тој својот тон. Наместо тоа, бидете искрени, љубезни и смирени околу темата која се обидувате да му ја пренесете.

11. Заканата од поранешниот – Доколку сте биле блиски со семесјтвото на поранешниот и сте останале во контакт со нив – па дури и минимален – по раскинувањето, бидете подготвени дека ова ќе биде голема закана за сите идни додворувачи. Мажите не сакаат да знаат дека имаат тешка конкуренција со вашето минато.

12. Успори – Движењето премногу брзо кон емоционална зависност е огромно црвено знаме, а не знак за љубов. Воздржете се од задушување првиот месец.

13. Комуникацијата е клучот – Комуницирајте за време на сексот и дадете му до знаење што ви се допаѓа – самото гледање како девојка се возбудува е огромна возбуда и за машкото.

14. Бидете искрени СЕКОГАШ – Која е поентата да воспоставите врска со некој доколку се презентирате нереално? Или доколку го лажете човекот кој може да ви биде животен сопатник за кратки мали задоволства на страна? Хм?

15. Мажите обожаваат да “бркаат” – Сите знаеме дека мажите сакаат да освојуваат, но оние кои ве “напаѓаат” како луди уште после првиот состанок не се искрени. Зошто? Па тој не се грижи какво мислење ќе ви остави доколку само сака да спие со вас. Но ако тој покажува интерес и после неколку состаноци, тогаш тоа е друга приказна.

16. Сослушајте го – Доколку одеднаш се однесува нерационално иритирачки тоа е неговиот начин на кој ви вели: “Нешто ме мачи, помогни ми да се чувствувам подобро”. Како негова сакана, ваша работа е да го прашате како се чувствува и да го сослушате.

17. Познавајте се себеси – Треба да се запознете себе и своите потреби пред да стапите во врска. Само кога знаете што сакате, што ве возбудува и што сакате во кревет, ќе му помогнете на вашиот партнер да ви го обезбеди тоа.

18. Едноставно прашајте го – Вашиот партнер исто така има потреби. Прашајте го кои се за да можете и двајцата да бидете среќни и задоволни.

19. Компромис – При несогласување, бидете подготвени да направите компромис врз реална основа. Секој човек треба да си ги исполни своите потреби и страсти, зар не?

20. Зорувајте “валкано” – Не се срамете да му зборувате валкано. Момците обожуваат да слушнат колку многу ве возбудува на увце за време на жешките моменти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag