Освен ако не сте комплетен идиот, знаете дека месото, млекото и јајцата не ги добиваме од среќни и здрави животинки кои весело си живеат на некоја зелена ливада, туку од фарми. Исто така, претпоставувате како се одвива процесот при кој домашните животни стануваат прехранбен продукт. Е па, во тоа е проблемот, што само претпоставуваме, а не знаеме до која мера сме забегале како човештво.
Следното видео ќе ви ги разбие сите илузии што ги имате околу вашата вкусна трпеза. Материјалите се собрани од тајни задачи на преку 2100 репортери и активисти за правата на животните. Ќе видите како се кастрираат младите прасиња со рачно корнење на тестисите, ќе видите како им се сечат главите и екстремитетите на живи и свесни свињи и крави, ќе видите како машките пилиња одат живи во машина за мелење (бидејќи не несат јајца) и како им се крати клунот на кокошките, изложувајќи ги на акутна болка до крајот на кусиот живот, што обично завршува или со врат скршен од човечка рака, или машински отсечена глава, или давење во жешка вода (што го олеснува вадењето на пердувите). Ќе видите распарани делфини, ќе видите риби со испакнати очи поради екстремно болната промена на притисокот. Ќе видите повеќе крв од сите сцени на Тарантино заедно и повеќе бруталност по човек од сите „експлицитни“ филмови за психопати и сериски убијци.
Да, сакаме месо. Треба да јадеме месо. Ама не вака. Не го гледајте видеово. Серизоно, ова не е благо „ради-реда“ предупредување за слаби стомаци и срца. Секој стомак е слаб за вистината што избегнуваме да ја видиме.
httpv://www.youtube.com/watch?v=SNB0kb1N-pU