Фармацеутските гиганти со години ја кријат тајната за обичен витамин кој лекува рак?!

popara21 ноември, 201418min00
8

Американскиот автор Едвард Грифин во својата книга “Свет без рак“ ја опишува вистината за едно откритие чувано во тајна, за лековитите својства на витамин Б17 нарекуван уште – лаетрил или амигдалин. Оваа супстанција ги убива брзо раковите клетки. Авторот дава примери за успешно излекувани пациенти болни од рак и научни аргументи за неговото дејство и поставува прашања зошто не е вклучен и прифатен во ортодоксалната медицина за примена во борбата со опасната болест.

Грифин верува дека проблемот за вклучување на витамин Б17 од страна на медицината не лежи во науката, туку е политика на светската елита. Милиарди долари се трошат секоја година за истражувања посветени на болеста, други пак трошат за производство на хемиски лекови за борбата со болеста. И така тајната за витамин Б17 претставува економска мотивација за доминација на фармацеутската индустрија.

Со други зборови од ракот повеќе луѓе живеат, отколку што умираат!

Ако овој факт не се скриеше од јавноста, немаше да постои огромната печалба на фармацеутските гиганти. Ако еден обичен витамин може да го излечи ракот, тоагаш за само неколку мигови ќе се урне целата машинерија за печалба на богатства од маките и смртта на луѓето.

Фармацеутските компании никогаш нема да спроведат истражување за еден едноставен продукт, кој се продава насекаде, бидејќи не можат да патентираат природен продукт.

Витаминот Б17 кој е убиец на ракот го има најмногу во семките од кајсии. Тие беа објавени како лекарство против сите видови рак уште пред 35 години. Но кон крајот на Втората Светска војна доктор Макс Герсон лекувал успешно пациенти со оваа супстанција вклучена во неговите методи.

Амигдалинот го има во семките од кајсии, во бадемите, горчливите бадеми, вишни, праски, сливи, семките од јаболко, просо, ленено семе, леќа, грозје, во некои билки и во многу други производи кои современиот човек ги употребува.

Современиот начин на живот наметнал да се храниме со рафинирано брашно, шеќер, масло и други фабрикати, додека природните храни не се наоѓаат во нашето мени одамна. Нашите дедовци и баби се хранеле со природна нерафинирана храна и ракот не бил така честа појава. Тие употребувале сушени плодови, природен леб, па дури и леб од просо. На тој начин се конзумирале потребните витамини и во таа група и амигдалинот.

Витаминот Б17 бил забранет за употреба за лечење рак пред околу 35 години. Науката изјавила дека ако човек го конзумира секојдневно овој витамин никогаш нема да се разболи од рак. Фармацеутските гиганти и министерството за здравство на САД извршиле притисок врз Управата за контрола на храната и лековите да ја објават за незаконска продажбата на витамин Б17 со информацијата за неговите лековити својства против ракот, а исто така и продажбата на сурови семки од кајсии. Тактиката вклучуваше и распространување на гласините дека семките од кајсии и бадемите содржат цијаниди и дека тие можат да бидат отровни за оние кои ги конзумираат. Но вистината е поинаква, никој не се отрул од нив, туку се излекувал.

Фармацевтичните гиганти от години крият за обикновен витамин убиващ рака

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag