Кампањата “Дигитална сенка“ која во моментот е достапна само во САД, бара дозвола за пристап на вашиот профил, а потоа влече информации да изгради комплетно досие за корисникот.
И кога ќе кажеме комплетно, тоа буквално значи комплетно!
Дигитална сенка ви ги прикажува пријателите со кои најмногу комуницирате, потоа оние со кои не комуницирате воопшто, и чии профили гледате, да не кажеме ги прогонувате, и кои не ви одговараат.
Дигитална сенка открива кога сте најактивни на фејсбук, и каде оние што сакаат, би можеле да ве најдат. Апликацијата исто така дава увид за вашата потенцијална заработка на пари врз основа на вашето образование и работно место.
Потоа нуди лозинки кои би помогнале во случај на хакирање на вашиот профил. Дигитална сенка создава профил на вашиот карактер врз основа на сите ваши активности.
Дигитална сенка би требало да укаже на тоа дека сите Фејсбук корисници мораат својата онлајн приватност да ја сватат многу посериозно.
httpv://www.youtube.com/watch?v=6T7sgCAI-Xg