Фенг шуи: Привлечете позитивна енергија во домот

popara11 октомври, 20141min00
5

Фенг шуи принципот на уредување е лесно применлив во секој дел од домот, но сепак стручните лица советуваат да се фокусирате на влезната врата низ која секојдневно треба да минува позитивната енергија.

Таа е бариера помеѓу вашиот интимен живот и надворешниот свет.

Затоа, искористете ги овие совети за полесно да го преплавите домот со позитивна енергија и чувство на топлина.

Пријатно чувство за добредојде

Уредете го влезот. Поправете го скршеното светло. Набавете ново килимче. Купете ѕвонче кое има пријатен звук. Секој ден изметете ја прашината од влезот. Тоа се само основните работи со кои можете да го направите домот попријатен.

 


Мириси и бои

Миризливото и шарено цвеќе носи само здравје и убави нешта во вашиот дом. Затоа, грижете се за неговиот изглед, а за возврат ќе добиете енергија со чија помош ќе имате што и да посакате.

feng-sui-pravila-povikajte-ja-pozitivnata-energija-vo-domot-03.jpg


Ветерно ѕвонче

Ветерните ѕвончиња ја спречуваат негативната енергија да влезе во домот. Поставете го каде што постои струење на воздухот. Никако не смее да го закачите директно над влезната врата, ниту да седите под него. Цевките мора да бидат шупливи, затоа што нивната цел е да ја привлечат и задржат негативната енергија, пред да ја трансформираат во нешто подобро.

feng-sui-pravila-povikajte-ja-pozitivnata-energija-vo-domot-04.jpg


Истакнете ја адресата

Погрижете се адресата и бројот на домот да бидат секогаш видливи. Одржувајте ги, пребришувајте ги и сменете ги кога ќе се оштетат.

feng-sui-pravila-povikajte-ja-pozitivnata-energija-vo-domot-05.jpg


Секојдневно користете ја влезната врата

Не е препорачливо да влегувате од споредната врата или преку задната тераса, доколку ја имате. Ако сакате домот да ви биде позитивен и весел, секогаш користете ја влезната врата. Ако не излегувате надвор во текот на денот, задолжително отворете ја барем еднаш за да се промени воздухот. Се верува дека на овој начин ќе привлечете здравје и богатство во домот.

feng-sui-pravila-povikajte-ja-pozitivnata-energija-vo-domot-06.jpg


Не собирајте отпад пред главната врата

Што пошироко се отвора вратата – тоа подобро. Не ги собирајте непотребните работи околу неа. Не ја претрупувајте вратата со сè и сешто, затоа што ќе имате недостаток на сила, пари и енергија. Овозможете и проток на позитивната енергија и со самото тоа обезбедете си сигурност, удобност и среќа во вашиот дом.

feng-sui-pravila-povikajte-ja-pozitivnata-energija-vo-domot-7.jpg

Колку од овие правила сте примениле во вашиот дом?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag