Социјалните мрежи беа поплавени со коментари по повод трогателната фотографија која буквално го заобиколи светот…
Еден американец сакал по секоја цена на своето мало девојче, кое е родено неподвижно, да му овозможи да го почувствува животот на вистинскиот начин, да може да оди, да може да трча и да се смее…
Малата од раѓање е парализирана, нејзиниот случај е толку тежок што трајно решение не постои, но нејзиниот татко дал се од себе да смисли подобар начин за да ја развесели својата мала принцеза, и како што гледате успеал во тоа. Практично дизајнирал специјални чевлички за одење, за девојчето кои се споени со неговите, а сето тоа со цел детето барем на кратко да почувствува како тоа изгледа, да застане на нозе, и да се чувствува помалку различна.
Преслаткото девојче ужива во прошетката со својот татко, на фотографијата јасно се гледа како тоа изгледа, а нејзината насмевка зборува повеќе од 1000 зборови.
Ако овој татко не заслужува лајк и шер, тогаш јас не знам кој друг заслужува!!!
Секоја чест господине!