Северна Кореја е добро скриена од надворешниот свет. Поради тоа секој увид во оваа мистериозна земја ја “скокотка” имагинацијата на јавноста.
Ј.Т. Синг и Роб Витворт отпатувале во Северна Кореја и со помош на државната туристичка агенција снимиле тајм-лепс видео од нејзината престолнина Пјонгјанг.
Се разбира, снимателите немале потполно слободни раце, пренесува Verge. Како и останатите странски посетители така и тие на секој чекор имале придружба. Не им било дозволено да го снимаат градилиштето и неразвиените локации ниту пак војската.
Иако овие ограничувања оставиле свој белег врз крајниот производ, видеото се’ уште ви дава шанса да го погледнете Пјонгјанг од нова перспектива.
httpv://vimeo.com/102051605