Го претепале а тој од нанесените повреди стана генијалец! (видео)

popara20 февруари, 20141min00
Jason-Padgett

Имено овој 41-годишен маж тврди дека пред повредата бил сосема друга личност, а денеска во се што ќе види препознава математички формули што ги претвора во сложени дијаграми што ги црта со рака.

Многу е веројатно дека тој е единствената личност што ја поседува таа интересна вештина, а самиот тврди дека за тоа е заслужна повредата што ја преживеал. Пеџет вели дека пред десет години бил единствено заинтересиран за тренирање и за добра забава.

Сепак човекот што денес го споредуваат со брилијантниот Џон Неш се откажал од студирањата и работи како продавач на мебел, а научниците се уште се обидуваат да сфатат што точно се случило во неговата глава.

Пеџет немал никакви познавања од математиката, а пред нападот не ни знаел да црта. Денес тој е опседнат со комплексните дијаграми што се нарекуваат фрактали.

„Како да имам илјадници мали фотографии, што кога ќе ги распоредам правилно, ја создаваат истата таа фотографија, само поголема” – објаснил Пеџет.

За подобро да разберат како функционира неговиот мозок, финскиот невролог и професор Берит Брогард и нејзиниот тим, спровеле серија тестови. Резултатите покажале дека оштетувањата на еден дел, поттикнале други делови од мозокот да работат поинтензивно.

„Поголемиот дел од луѓето не ги користат тие делови од мозокот” – објаснува професорката.

Сега Пеџет планира да ја напушти продавницата за мебел и да ја примени својата вештина во училница. Прашан дали неговиот талент е товар или пак благослов, тој вели дека би сакал да може некогаш да ја исклучи својата вештина, но не може. Сепак вели дека има многу позитивни страни и дека не сака никогаш да се откаже од таа способност.

httpv://www.youtube.com/watch?v=VoMhyLJrz_M

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag