Дали сте повеќе романтични или прагматични? Дознајте од следните примери.
Дали го сакате него или идејата за него?
Некои работи тешко си ги признаваме на самите себе си, а ова е една таква работа. Можеби сте се заљубиле инстантно, со цело срце…или можеби во целата слика тој ви претставува слика во која вашиот мозок ви ја прикажува дека воопшто не сте заљубени. Можеби вам ви се допаѓа неговиот потенцијал и тоа како другите го гледаат, отколку тој самиот себе.
Дали ве излудува неговата способност?
Во почетокот на врската партнерите секогаш го даваат само најдоброто од себе, но како времето проаѓа, така на виделина излегуваат и некои работи кои воопшто не сме ги приметиле.Имате ли мали напади на бес од неговото однесување или ви е само несватливо и одбивно од било кои причини, можно е да го сакате само со глава, но не и со срце.,
Го цените ли како личност?
Кога некого сакате, тоа значи дека ја сакате таа особа каква и да е. Со сите маани, со сите доблести. Сакате ли константно да го менувате, не сте заљубени во него, или барем не со срцето. Љубовта, онаа правата, би требало да биде нешто друго, но никако борба помеѓу желбите и реалноста.
Чувствувате ли хемија?
Можеби тој секогаш успева да ги погоди правите зборови, секогаш кога ви е потребна утеха, нема работи во кои не можете да се потпрете на него, но важно е прашањето како се чувствувате помеѓу вас кога има искри? Секако дека нема да има искри како во почетните денови на врската, но ако имате работа со права љубов, ќе ги почувствувате пеперутките, барем понекогаш и таа хемија е всушност која ве привлекла.
Делува ли совршено само на лист?
Можеби имате прав попис со особини кои ги барате од маж. Среден список, на А4 лист хартија, украсен со срциља и вниматлено сложен И можеби тој ги задоволува баш сите наведени критериуми. Од степенот на образование, однос со пријателите, амбиции во поглед на животот, или едноставно имате чувство дека сепак нешто недостасува и едека не е тоа тоа. Да, тогаш најверојатно го сакате само со глава, но не и со срце.